Наполи сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок со цел да имаат подобра ротација во трката за Скудетото.
Тренерот Маурицио Сари неодамна изјави дека се потребни засилувања во сите линии од тимот, а како што стојат работите Наполи е на добар пат да го засили средниот ред.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека италијанскиот клуб е блиску до договор со фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер.
Договорот на Вилшер со Арсенал истекува на крајот на сезоната, па уште во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Наполи го сака Вилшер веднаш, уште во зимскиот преоден рок, па е спремен да плати симболично обештетување.
Вилшер оваа сезона има одиграно 17 меча во сите натпреварувања, па Венгер нема да се противи на неговото заминување во јануари.