Искусниот Пеп Реина од следната сезона ќе биде член на Милан, па на „Сан Паоло“ веќе некое време бараат замена за него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно потрагата е завршена, па „единицата“ на Наполи ќе биде германскиот голман, Бернд Лено.
Лено се издвои како фаворит за местото на Реина откако што стивна интересот на Руи Патрисио, а посредник во трансферот на германскиот голман од Баер Леверкузен во Наполи, Фабио Париси вели дека работата е завршена.
„Веќе некое време работиме на овој трансфер. Се надеваме дека клубовите наскоро ќе постигнат договор. Кога станува збор за договор помеѓу Лено и Наполи, тоа е многу блиску… Може и да кажеме дека тој веќе постои. Сега мора да почекаме на Баерн да ја завршиме работата. Мислам дека се ќе биде готово за неколку дена“, изјави Париси.