Дома Трансфер зона Наполи потврди дека почнал преговори за полската „гол-машина“

Наполи потврди дека почнал преговори за полската „гол-машина“

Полскиот репрезентативец Криштоф Пијатек оваа сезона е вистинска сензација во Серија А.

Пијтек го привлече вниманието на многу европски гиганта, а претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека веќе започнал преговори со Џенова.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Веќе разговарав со Прециози и со агентот на фудбалерот. Треба да договореиме следен состанок, ќе оставиме Анчелоти да одреди дали и кога ни е потребен. Не сакаме да се вклучуваме во никаква аукција, но сме силно заинтересирани за напаѓачот“, изјави Де Лаурентис.

23-годишниот Полјак брилјира во Џенова оваа сезона и веќе постигна 9 гола во првите седум меча.

Пијатек ова лето пристигна во Серија А за само 4 милиони евра, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.

https://youtu.be/6YbJ0m7hsNU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…