Дома Фудбал Наполи под истрага поради трансферот на Осимен, може да биде казнет

Наполи под истрага поради трансферот на Осимен, може да биде казнет

Обвинителот кој иницираше казна за Јувентус од -15 бодови, Џузепе Кине, сега подготвил налог за истрага во врска со трансферот на Виктор Осимен во Наполи.

Во 2020 година Нигериецот се пресели во Неапол за 75.000.000 евра и во меѓувреме стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Сепак, во трансферот има одредени неправилности, бидејќи 20 милиони евра од овој трансфер беа осигурани преку замена на играчи, откако Наполи ги прати во Франција резервниот голман Орестис Карнезис и јуниорите Клаудио Ланци, Луиџи Лигуори и Чиро Палмиери.

Пред два дена Јувентус беше казнет од Италијанската фудбалска федерација со одземање на 15 бодови и сега од третото место падна на 10. место на табелата во Серија А.

Доколку Наполи добие слична казна тоа може да го одлучи Скудетото бидејќи се лидери на табелата со 12 бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…