Дома Фудбал Останато Наполи подготвил нов договор, но ќе го потпише ли Елмас?

Наполи подготвил нов договор, но ќе го потпише ли Елмас?

Иако имаше понуди, сепак македонскиот репрезентативец Елиф Елмас летово одлучи да остане во Наполи.

Но, кај Руди Гарсија на кого и сериозно му се тресе столчето поради лошите резултати скоро и да не добива прилика. Најмногу минути Елмас сезонава доби во натпреварот против Унион Берлин во вторникот кога го одигра комплетното второ полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега италијанскиот новинар, Фабио Мандарини објави дека Наполи се обидел да започне преговори за да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година. Клубовите кои се споменуваа како можни дестинации се Ливерпул и Лајпциг.

Елмас наводно нема да брза со одлуката и ќе почека да види како ќе се одвиваат работите пред да донесе конечна одлука дали ќе се реши да стави потпис на нова соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…