Дома Топ вести Наполи одлучи, Кулибали е на продажба

Наполи одлучи, Кулибали е на продажба

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната тврди „Газета дело Спорт“.

Наполи е во лоша финансиска ситуација поради пандемијата, а Кулибали има висока плата, па клубот одлучи да го стави на продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на сенегалскиот дефанзивец истекува во 2023 година, па во Наполи веруваат дека на лето е вистинско време да заработат на неговото заминување.

Цената на 29-годишниот Кулибали моментално изнесува 50 милиони евра, иако пред само една година неколку европски гиганти за неговиот потпис нудеа 70 милиони евра.

Сега Наполи е спремен да го продаде за 50 милиони, а најсилен интерес покажува Карло Анчелоти, кој сака да го донесе во Евертон.

Со оглед на пониската цена се очекува во трката за неговиот потпис да се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ најблиску до пописот на Осимен

Според пишувањето на италијанските медиуми ПСЖ е блиску до комплетирање на трансферот на В…