Наполи минува низ најголемата криза во последните неколку години, проблемите на релација играчи-раководство се уште не се завршени.
Медиумите пишуваат дека Аурелио Де Лаурентис нема да им прости на играчите за побуната и дека „отпишал“дури седум фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу нив се најголемите ѕвезди на тимот, Дрис Мертенс, Хозе Каљехон, Алан… но и еден од најдобрите стопери на светот Калиду Кулибали.
Де Лаурентис е особено разочаран од Кулибали, за него одби понуда од 100 милиони евра ова лето, но сега работите се променија и е спремен да го продаде.
Причината се и лошите партии на Кулибали оваа сезона, што се одрази со голем број примени голови.
Италијанските медиуми тврдат дека Наполи сигурно ќе го продаде дефанзивецот на лето, а почетната цена е 80 милиони евра.
Многу европски гиганти покажуваат интерес за дефанзивецот, а се верува дека Манчестер Сити е спремен да ја плати бараната сума.