Претседателот на клубот од Неапол стравува од заминување на двајца клучни играчи на тимот.
Наполи оваа сезона е единствениот конкурент на Јувентус во борба за Скудетото во Италија. Маурицио Сари направи одлична работа под Везув, но во медиумите се шпекулира дека би можел да го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аурелио Де Лаурентис е убеден дека ќе успее да го задржи, но одруга страна пак стравува дека не би можел ништо да направи кога во прашање се двајца важни играчи на тимот.
Имено, познато е дека одличниот Дрис Мертенс има откупна клазула од 28 милиони евра. Иако има 30 години според неговите настапи на теренот сигурно вреди повеќе, па многу веројатно дека дел од европските гиганти кои се во потрага по напаѓач ќе направат обид да го доведат.
Според некои медиуми Интер е заинтересиран да го доведе доколку Икарди замине.
Вториот играч кој би можел да го напушти „Сан Паоло“ по завршувањето на оваа сезона е дефанзивецот Калид Кулибали.
Неколку клубови од Премиер лигата од поодамна се заинтересирани за неговите услуги, Челзи летото 2016 година испрати неколку понуди под Везув за одличниот Сенегалец, но Наполи ги одби и одлучи да го задржи во своите редови.
Добра работа за Наполи кога во прашање е Кулибали е што неговата откупна клазула изнесува 70 милиони евра.