Дома Трансфер зона Наполи на шопинг во Лондон

Наполи на шопинг во Лондон

„Скај Италија“ пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Тотенхем, Киран Трипие.

Наполи се спремна за реконструкција на тимот после уште една разочарувачка сезона без трофеј.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот Де Лаурентис истакна дека ќе ги задржи најдобрите фудбалери, пред се Кулибали и Инсиње, но и дека ќе му даде солиден буџет на Анчелоти за засилувања.

„Скај Италија“ пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Тотенхем, Киран Трипие и веќе ги направил првите контакти.

Хисај е во преговори со клубот за нов договор и неговата иднина на „Сан Паоло“ е неизвесна, па прва желба на Анчелоти за десната бековска позиција е токму Трипие.

Трипие е член на Тотенхем од 2015 година, оваа сезона запиша 33 настапи во сите натпреварувања, а Наполи е спремен да понуди 25 милиони фунти за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…