Плејмејкерот на Наполи и италијански репрезентативец Жоржињо е на чекор од трансфер во Манчестер Сити.
Жоржињо веќе договорил 5-годишна соработка со „граѓаните“ каде ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Сега останува само двата клуба да ги договорат деталите од отштетата, која ќе изнесува околу 50 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наполи веќе е во потрага по негова замена и започна преговори со играчот за врска на Зенит, Леандро Паредес.
Паредес минатото лето ја напушти Рома и за 30 милиони евра се пресели во Русија, но најверојатно после само една година ќе се врати во Серија А.
„Леандро може да се врати во Италија. Наполи го сака и веќе започнаа преговори со Зенит“, потврди неговиот агент.
Карло Анчелоти е голем симпатизер на квалитетите на Аргентинецот, а италијанските медиуми тврдат дека трансферот ќе изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.