Дома Фудбал Германија Наполи најде долгорочно решение, откако Пепе на Италијанците само им „намигна“

Наполи најде долгорочно решение, откако Пепе на Италијанците само им „намигна“

Пепе Реина ќе го напушти Наполи на лето, тој кариерата ќе ја продолжи во Милан, во кој пристигнува како слободен играч, со оглед на тоа дека договорот му истекнува на крајот од сезоната.

Така на местото помеѓу стативите под Везув останува дупка, а на Наполи е да пронајде долгорочно решение.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата желба на управата е голманот на Баер Леверкузен и еден од најдобрите германски чувари на мрежата, Бернд Лено.

Тој веќе седум години е на „Бај Арената“, а како што и изјави самиот се е возможно.

„Мојата иднина? Не знам што ќе се случи кога ќе дојде летото. Сите знаат дека во Баерн се чувствувам како дома и дека се поистоветив со стилот кој го негува овој тим. Од друга страна, го носам овој дрес седум години. Наполи? Се обидоа да ме потпишат изминатото лето, но клубот одби да ме продаде“, истакна Лено.

Дури и неговиот агент потврди дека се е отворено, но засега нема вистински понуди.

„Понудите се секогаш тука и Баер тоа го знае, но во овој момент не постои ништо конкретно“, истакна агентот на Лено.

Покрај Наполи, за неговите услуги е заинтересиран и Ливерпул, со оглед на тоа дека Клоп е добро запознаен со квалитетите на својот сонародник и би сакал да им се придружи на него и неговиот клуб на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…