Наполи фантастично ја отвори сезоната со шест победи, а прво име кај наполитанците е секако Виктор Осимен.
22-годишниот нигериски напаѓач се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наполи минатото лето за неговиот потпис плати 70 милиони евра, но во првата сезона Осимен имаше пристоен учинок од само 10 гола.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека неколку европски гиганти се силно заинтересирани за напаѓачот, а Наполи за неговата слобода бара 150 милиони евра.