Пепе Реина на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи и кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Раководството на Наполи веќе ја почна потрагата по негова замена, а прв избор е голманот на Баер Левекузен, Бернд Лено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лено игра уште една фантастична сезона во Бундес лигата и сигурно ќе конкурира за германската репрезентација на Мундијалот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе стапил во контакт со неговиот агент и почнал да работи на трансферот.
Лено е спремен да ја промени средината и не крие дека е поласкан од интересот на италијанскиот клуб.
„Чест е што клуб како Наполи се интересира за мене. Тоа значи дека играм добро оваа сезона. Меѓутоа, сега не е време за траснфери и максимално сум концетриран на настапите за Леверкузен“, изјави Лено.
Наполи е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис, сума која најверојатно ќе ги задоволи апетитите на „фармацевтите“.