Дома Фудбал Италија Наполи ги израдува навивачите: Спалети останува тренер на Елмас!

Наполи ги израдува навивачите: Спалети останува тренер на Елмас!

Наполи е на чекор од освојување на Скудетото, а одлично играат и во Лигата на шампионите, па за очекување е да му се заблагодарат на тренерот Лучијано Спалети. Како награда, Спалети добил продолжување на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спалети има опција во договорот, кој го потпиша во 2021 година кога ја презема екипата да може автоматски да го продолжи на уште една година. Тоа лидерот во Серија А ќе го искористи и со 2.7 милиони евра по сезона ќе го обезбеди тренерот кој е на одличен пат да им го донесе Скудетото по чекање од 33 години.

Покрај тоа што во Серија А Наполи има убедливи 15 бода во однос на второпласираниот Интер, блиску се и до место во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако го победија Ајнтрахт во првиот натпревар од осминафиналето со 2:0.

Треба да се спомене дека ако Наполи се пласира во четвртфиналето од ЛШ тоа ќе биде за првпат за нив во историјата на ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хорор тврдења ја потресоа планетата: Мафијаши им се заканувале на фудбалери на СП!?

Со пораз од Мексико со резултат од 2:0, репрезентацијата на Еквадор го заврши своето учест…