Наполи веќе размислува за евентуален наследник на Карло Анчелоти после последните превирања во клубот помеѓу тренерот и претседателот Де Лурентус.
Анчелоти не успеа да ги оправда големите очекувања кои ги имаше кога простигна на „Сан Паоло“ во 2018 година. Оваа сезона тимот бележи слаби резултати, а искустниот стратег влезе во отворен конфликт со претседателот Де Лаурентис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека двете страни сигурно ќе се разделат на крајот на сезоната, а раководството на Наполи за негов наследник го сака Симоне Инзаги.
Инзаги веќе неколку години со успех го води Лацио, и најверојатно е поласкан од идејата да се пресели во Наполи бидејќи во тоа гледа чекор напред во кариерата.