Дома Фудбал Останато Наполи – Арсенал: „Сан Паоло“ и „Сан Анчелоти“ треба да направат чудо!

Наполи – Арсенал: „Сан Паоло“ и „Сан Анчелоти“ треба да направат чудо!

Тешко е да се проценат колкави се шансите за Наполи после бледото издание на „Емирати“ и поразот од 2-0. Но сепак треба да иамме на ум дека станува збор за екипа која не се предава лесно, а исто така има и големи амбиции.

Наполи: Анчелоти е мајстор за елиминации, но…

Малку се промени откако Сари замина од Наполи. Искусните тренери ја препознаваа ефикасната игра на овој тим, но едно недостигаше, а тоа се трофеите. Никако Наполи не успеа да го симне Јувентус од тронот, бидејќи 7 пати по ред титулата завршуваше во Торино. Минатата сезона изгледаше дека трофејот ќе заврши во градот под Везув, но сепак не успеаа да стигнат Наполи до Реалзиација. Во првиот натпревар во ЛЕ против Арсенал, Наполи беше тотално немоќен, па не е ни чудно што резултатот заврши 2-0 во корист на Англичаните. Сега е време за „освета“, а Наполи знае како и да бидеме искрени има квалитет за да го постигне тоа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал: Предноста е одлична, но „Сан Паоло“ е „темпирана бомба“

Еден од најдобрите натпревари оваа сезона, Арсенал го изигра токму против Наполи пред недела дена. Многу во Лондон стравуваа од италијанската екипа, особено од нивниот напаѓачки ред, но одбраната на Арсенал одолеа и не дозволи да им се затреси мрежата. Тие создадоа предност од 2-0, а на тој начин добијаа улога на фаворити за пролаз во ½ финалето. Во Премиер лигата играа во понеделникот, го победија Вотфорд, но тоа е благодарение на грешките од домаќините. Емери за овој натпревар ќе ги има на располагање сите првотимци, па веруваме дека нема да се бранат.

Веројатни состави:

Наполи: Мерет, Малкуит, Максимовиќ, Кулибали, Руи, Каљехон, Алан, Руиз, Зиелински, Милик, Инсигне.

Арсенал: Чех, Сократис, Кошчелни, Монреал, Мајтланд-Најлс, Рамзи, Џака, Колошинац, Озил, Лаказет, Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…