Додека се уште се свежи сеќавањата со инцидентот на Кристиан Ериксен, нова непријатна сцена го потресе фудбалскиот свет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот на Сасуоло на позајмица во Аланија, Кума Бабакар доживеа срцев удар за време на вчерашниот тренинг.
Сенегалскиот напаѓач се срушил на теренот, но за среќа медицинскиот тим реагираше брзо и му го спаси животот.
Тој беше пренесен во болница, од каде што веќе објави дека се опоравува, откако му беше дијагностициран срцев удар.
Според првичните резултати, кај Бабакар се работело за грч во срцевиот мускул, нешто што не е толку страшно, па фудбалерот за среќа не е во животна опасност.