Борусија Дортмунд е најблиску до потписот на напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, тврдат шпанските медиуми.
По се изгледа дека 24-годишниот напаѓач нема да остане на „Камп Ноу“, а неговото име е поврзувано уште и со трансфер во Порто или Бетис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последните информации, сепак се дека Борусија Дортмунд е во напредни преговори за трансфер на голгетерот и наскоро двата клуба може да постигнат согласност.
Алкасер пристигна во Барса од Валенсија во 2016 година за 30 милиони евра и потпиша петгодишен договор. Сепак, тој тешко можеше да успее да стигне до првото место во тимот и одигра само 50 натпревари, во кои постигна 15 гола. Тој исто така има 13 натпревари и 6 гола за репрезентацијата на Шпанија.