Дома Фудбал Репрезентации Напаѓачот на Арсенал сруши рекорд стар 18 години на Ширер

Напаѓачот на Арсенал сруши рекорд стар 18 години на Ширер

Eди Никетиах, 21 годишниот напаѓач на Арсенал вчера стана рекордер во У-21 репрезентацијата на Англија.

Никетиах постигна гол во натпреварот против младата репрезентација на Турција со што дојде до 14 голови во оваа селекција. Рекордот до сега го држеа Алан Ширер и Франсис Џеферс кои имаа по 13 голови. Никетиах промаши пенал во 82. минута, но шест минути подоцна ја погоди мрежата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал беше пресреќен што срушил рекорд на една легенда како Ширер.

„Чест е што воопшто моето име се споменува покрај неговото. Алан беше неверојатен напаѓач, мој идол. Пред мене е долг пат ако сакам да имам таква кариера, пресреќен сум што успеав да го срушам барем овој рекорд“, изјави младиот фудбалер.

Во редовите на Арсенал тој пристигна од Челзи кога имаше само 16 години, за првиот тим на Арсенал одигра 25 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…