Дома Фудбал Англија Напаѓачот на Арсенал кој вчера блесна, не бил доволно добар за Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Арсенал кој вчера блесна, не бил доволно добар за Манчестер Јунајтед

Бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели денес е една од главните теми во англиските медиуми после одличниот настап во вчерашното дерби помеѓу Челзи и Арсенал.

Арсенал со играч помалку успеа да дојде до реми на „Стенфорд Бриџ“ (2:2). Првиот гол за „топџиите“ го постигна Мартинели кој го претрча скоро целиот терен и го совлада Кепа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мартинели во Арсенал пристигна од бразилскиот нисколигаш Итуано. Клубот од Лондон за него плати окоу седум милиони евра. Многумина се сомневаа во неговиот квалитет, но овој 18 годишен напаѓач брзо реагираше.

Во досегашниот дел од сезоната одигра 21 натпревар и веќе постигна 10 гола. Станува јасно дека Арсенал сериозно смета на него. Манчестер Јунајтед може да жали што Мартинели сега не го носи нивниот дрес затоа што овој играч дури четири пати бил на проба на „Олд Трафорд“.

„Од 2015 до 2017 година четири пати одев на проба во Манчестер Јунајтед. Пробите траеа 15 дена и имав можност на нив да гледам ѕвезди како Погба, Евра, Фалаини…Погба често пати ме прашуваше како се чуствувам и како ми оди. Англиски не зборував баш најдобро, но на теренот се трудев максимално. На крајот не добив доверба и после четвртиот пат ми беше кажано дека не сум доволно добар да добијам договор“, изјави Мартинели.

Мартинели се вратил во Итуано каде што продолжил да игра одлично, Арсенал го следеше, а потоа реагираше и го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…