Неколку офанзивни фудбалери на Челзи не се задоволни од менацерот Томас Тухел, ексклузивно пренесува „Атлетик“.
Тухел пред точно една година седна на кормилото на Челзи и после само неколку месеци триумфираше во Лигата на шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред неколку недели ситуацијата во тимот беше нарушена после изјавите на Ромелу Лукаку дека не е среќен во Челзи и не е задоволен од работата на Тухел.
Медиумот соопштува дека Лукаку не е единствениот, туку и неколку други офанзивни фудбалери се крајно незадоволни од Тухел и константните промени на офанзивните планови и начин на игра.
Друг голем проблем е и односот на Тухел кон напаѓачите, многуте пцовки кои тренерот ги користи при секоја грешка, што ги налутило некои од играчите па дури сакаат да го напуштат клубот.
Кристијан Пулишиќ и Ходсон-Одој не се задоволни што Тухел постојано ги менува нивните позиции.
За Каи Хаверц и Тимо Вернер клубот плати вкупно 120 милиони фунти, а двајцата заедно започнаа само на еден меч во Премиер лигата оваа сезона.