Дома Трансфер зона Нани се раздели со Лацио и веднаш договори нов трансфер

Нани се раздели со Лацио и веднаш договори нов трансфер

Португалскиот фудбалер Нани официјално ја заврши својата епизода во Лацио, каде што и не се наигра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нани во римскиот клуб помина година дена на позајмица од Валенсија, а по завршувањето на сезоната управата на Лацио заклучи дека 31-годишниот играч не ги исполни очекувањата и се откажа од откупувањето на договорот.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед се врати во Валенсија, каде што го раскина договорот со клубот и договори трансфер во Спротинг. Нани потекнува од лисабонскиот клуб, а ова нема да му биде прво враќање. Прво за Спортинг играше од 2005. до 2007. година, кога во голем трансфер се пресели во Манчестер Јунајтед, а во сезоната 2014/15 се врати на позајмица.

Нани во кариерата одигра 112 натпревари за репрезентацијата на Португалија и е член на златната генерација на Европското првенство во Франција 2016. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…