Дома Фудбал Останато Наинголан: Толку е, од денес сум само навивач на Белгија

Наинголан: Толку е, од денес сум само навивач на Белгија

Oткако не доби повик од селекторот Роберто Мартинез за Светското првенство во Русија, Раџа Наинголан се одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И беше за очекување фудбалерот на Рома да се одлучи за таков потег кога сфати дека Мартинез не го сака својот тим со оглед на тоа дека неодамна тој ја продолжи соработката со сојузот.

Поради тоа на друштвените мрежи по објавувањето на списокот соопшти дека дојде крајот на неговата репрезентативна кариера.

„Со тага и болка во срцето одлучив да ја завршам репрезентативната кариера. Секогаш правев за да ја претставувам нашата земја, но за жал не е секогаш до мене. Од денес сум само навивач на Белгија“, порача Наинголан.

Мартинез својата одлука за изоставување на Наинголан ја објасни дека тоа било дел од неговите тактички замисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп ја зема „метлата“: Осуммина на излезните врати на Манчестер сити!

Голем е бројот на фудбалери кои ќе го напуштат Манчестер сити на крајот на оваа сезона. Зо…