Дома Македонски спорт Мак фудбал Надежите до 16 години во голеада ремизираа со Црна Гора

Надежите до 16 години во голеада ремизираа со Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 3:3 против соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции.

Македонија и Црна Гора одиграа извонреден меч со високо темпо и отворена игра во текот на сите 90. минута. Контролен дуел во кој нашата селекција беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата, но на крајот и покрај добрата игра не успеавме да забележиме победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Противникот одлично го започна натпреварот и рано успеа да дојде до предност. Стрелец на водечкиот погодок беше Павичевиќ во 3. минута од средбата. Нашите млади фудбалери брзо ги консолидираа своите фудбалери и одлично реагираа по примениот погодок, успевајќи да го израмнат резултатот цо 8. минута. Стрелец на изедначувачкиот погодок беше  Бранковски во 8. минута. Комплетен пресврт Македонија направи во 28. минута, кога Грашески одлично се снајде и успеа да погоди за водство од 2:1.

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со добрата игра и тоа резултираше со нов погодок. Во 67. минута Грашевски, го постигнува својот втор гол на денешната средба и ја зголемува предноста на Македонија на 3:1. Во 78. минута, Јовановиќ ја намалува предноста на 3:2. Две минути подоцна, Фабрис постигнува нов погодок за Црна Гора и ги поставува конечните 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…