Репрезентацијата на Шпанија го освои Дејвис купот.
Шпанците денеска во големото финале играа против репрезентацијата на Канада каде ги добија и двата натпревари без изгубен сет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот натпревар го одиграа младиот Ожер-Алиасим и Баутиста-Агут, а шпанецот славеше со 7:6 и 6:3.
Подоцна на теренот излезе и првиот светски рекет Рафа Надал кој играше против добриот Денис Шаполавов, но исто така го победи со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6).
За Шпанија ова е шеста титула во Дејвис купот и стана нацијата која прва ја освои оваа титула во новиот формат на ова натпреварување.
Инаку, Рафа е најзаслужниот за ова бидејќи оваа недела за репрезентацијата одигра дури пет сингл натпревари и сите ги победи без изгубен сет.