Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со две победи го започна турнирот во Бризбејн и во двете Шпанецот изгледаше сигурно што е многу важно бидејќи долго време паузираше.
По денешниот натпревар и победата од 2:0 во сетови со само три изгубени гема против Џејсон Кублер, Надал порача дека е задоволен од тоа како изгледа на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добро влегов во мечот и бев одлучен. Видов дека Џејсон е добар на основната линијата, па се трудев да бидам колку што може повќее агресивен. За мене ова беше одличен меч. Среќен сум што играм повторно и тоа е добро за мене. Долго бев надвор од турнирите и не можам да биде поблагодарен.
Ми се потребни мечеви за да бидам во најдобра форма. Првите два меча, заедно со едниот во дабл, како и часовите тренирање значат многу. Се чувствувам дека можам да сум конкурентен, а токму тоа беше мојата желба“, изјави Надал.
Како што претходно најави, Надал ја игра веројатно последната сезона, а најголем прв тест по враќањето ќе му биде Австралија Опен.