Дома Останати Надал по четврт пат број 1 на АТП листата на крајот од годината

Надал по четврт пат број 1 на АТП листата на крајот од годината

Рафаел Надал четврти пат си го обезбеди првото место на АТП-листата на крајот на годината кога го совлада младиот Јужнокореец Хјеон Чунг со 7:5/6:3 во второто коло на мастерсот во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


31-годишниот Надал е најстариот број 1 на крајот на годината и прв тенисер што има над 30 години кој е на првото место на крајот на годината од воведувањето на компјутеризираниот рејтинг-систем во 1973 година.

Ова е само крунисување на фантастичната сезона за Надал во која стигна до 10. титула од „Ролан Гарос“ и третиот трофеј од САД опен и освои уште четири титули (мастерс-турнирите во Монте Карло и Мадрид, Барселона опен и Кина опен минатиот месец).

Шпанецот цела сезона беше вклучен во тесна битка со Роџер Федерер за првото место откако досегашните доминантни Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј имаа сезона одбележана со повреди и слаба игра. Федерер беше во игра да го замени Надал на првото место, меѓутоа во последен момент реши да се повлече од турнирот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…