Со елиминацијата на Каспер Руд во четвртфиналето на турнирот во Сеул (изгуби денес од Јапонецот Нишиоко) стана јасно дека Рафаел Надал ќе го престигне на АТП листата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од понеделник Надал ќе биде втор тенисер на АТП. Така првите две тенисери ќе им припаѓаат на Шпанци, лидер веќе е Карлос Алкараз кој до оваа позиција стигна со освојувањето на УС Опен.




Ова значи дека за првпат од 7. август 2000. година првите два тенисери ќе доаѓаат од иста земја. Пред повеќе од 22 години лидер на АТП беше Андре Агаси, а зад него доаѓаше неговиот сонародник Пит Сампрас.




Алкараз и Надал како што стојат работите имаат голема шанса да останат на овие позиции до крајот на 2022 година.