Дома Останати Надал зборуваше за ситуацијата во тенисот и Килијан Мбапе

Надал зборуваше за ситуацијата во тенисот и Килијан Мбапе

Рафаел Надал зборуваше со поранешниот тенисер Хуан Монако, тој со него разговараше за ситуацијата во тенисот, но и за Килијан Мбапе.

Споменатиот новинар Монако како и поголемиот број фанови на тенисот сметаат дека борбата за првото место до крајот ќе се води помеѓу Рафаел Надал и Роже Федерер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Вистина е дека секогаш го следам својот пат. Се сложувам дека Федерер и јас можеби сме најспремни да се бориме за првото место, но многу од зависи кој на крајот ќе биде на врвот. Морате да почекате и да видите. Тој што ќе може да го одржи високот ниво на игра подолго време на крајот ќе има најголеми шанси да заврши како најдобар“, изјави Надал.

Покрај тенисот, новинарот Монако ја искористи можноста Надал да го запраша и што мисли во врска со Килијан Мбапе кој во последните денови на големо се поврзуваше со Реал Мадрид.

„Многу е млад и тоа е голема инвестиција, но ако би морал да се обложам на некој дека ќе биде голем играч, тогаш би го избрал него“, изјави Рафа кој е познат како голем љубител на фудбалот и фан на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…