Дома Останати Тенис Надал: Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без Ѓоковиќ

Надал: Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без Ѓоковиќ

Додека е во тек борбата на Ѓоковиќ да остане во Австралија и да настапи на Австралија Опен во јавноста најголемо внимание со своите коментари привлекува Шпанецот Рафаел Надал.

Надал претходно неколку пати го критикуваше Ѓоковиќ, а сега одново даде таква изјава. Шпанецот порача дека не се согласува со работите што ги прави српскиот тенисер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Турнирот во Мелбурн е поважен и поголем од било кој тенисер. Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него. Го почитувам Новак, но не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели“, изјави Надал.

Ќе потсетиме, ако Ѓоковиќ настапи на Австралија Опен и дојде до титулата ќе има 21 освоени гренслем титули со што би имал една повеќе од Надал и Федерер на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…