Тимот на Вардар во Лигата на шампионите запиша важна победа на гостувањето во Манхјам кај Рајн-Некар Левен (27:30).
Во оваа важна победа за црвено-црните еден од најдобрите поединци беше Тимур Дибиров. Русинот одигра извонреден натпревар, а посебно се истакна со голот од девет метри во финишот од натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ваквиот негов настап не помина незабележано и од ЕХФ од каде што го сместија Дибиров во тимот на колот.
Освен ракометарот на македонскиот претставник во тимот на колото место добија: Винсент Жерар, Михаил Јурецки, Барис Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.
Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на домашен терен против Веспрем.