Домаќинот ЕП Германија ја победи Унгарија со 2:0 во групата А во второто коло од групната фаза. Головите ги постигнаа Џамал Мусиала и Илкај Гундоган. Тоа беше втора победа за Германија на турнирот и избраниците на Јулијан Нагелсман обезбедија пласман во осминафиналето.
Мусиала погоди за 1:0 по грешка на унгарската одбрана во 22. минута. Тоа беше втор гол на 21-годишната ѕвезда на Баерн на Европското првенство и со тоа стана првиот играч на турнирот кој двапати ја погодил мрежата, а подоцна му се придружи и Словакот Иван Шранц.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го крие задоволството од играта на Мусиала:
„Имав многу средби со Џамал кога бев тренер на Баерн, но и сега во репрезентацијата. Секогаш му велам дека мора да игра како да е на мал терен во Германија или Англија со своите пријатели, тој не смее да размислува за притисок, тој е брилијантен и само треба да ужива во фудбалот.