Дома Македонски спорт Мак фудбал Навивачи на Победа ги нападнале фудбалерите и раководството на клубот по поразот од Шкендија

Навивачи на Победа ги нападнале фудбалерите и раководството на клубот по поразот од Шкендија

Непријатни сцени се случувале по поразот на Победа од Шкендија 1:3 за викендов.

МВР во својот полициски билетен објави дека имало обид за напад на раководството од страна на некои навивачи. Навивачите влегле на теренот и сакале да се пресметаат со играчите и раководството, а тогаш интервенирала полицијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На 02.10.2022 во Прилеп, по завршување на фудбалскито натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК „Победа“ од Прилеп и ФК„Шкендија“ од Тетово, лицата Ф.И., В.С., Н.Н., А.И., К.С. и Д.Х. и други лица од Прилеп влегле на фудбалскиот терен со цел физички да се пресметаат со управата и играчите на ФК „Победа“, а при интервенција на полициски службеници тие агресивно се одбнесувале кон и нив и ги спречувале во извршувањето на службените дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во билтенот од МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…