Дома Фудбал Останато Навивачите ќе може да купуваат пиво во Катар, но под одредени правила

Навивачите ќе може да купуваат пиво во Катар, но под одредени правила

Катар ќе им дозволи на навивачите со билети да купат пиво на фудбалските натпревари на Светското првенство, но само три часа пред почетокот и еден час по последниот судиски свиреж, а не и за време на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бадвајзер, главниот спонзор на Светското првенство со ексклузивни права за продажба на пиво на турнирот, ќе служи пиво во навивачките зони околу секој стадион, но не и на трибините на стадионот или на теренот.

„Пиво ќе се конзумира до отворање на вратите, а тоа е три часа пред почетокот на натпреварите. А потоа ќе може да се конузмира дури еден час по последниот судиски свиреж“, откриваат организаторите.

Светското првенство во Катар ќе започне на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. Во групната фаза на турнирот се закажани по четири натпревари секој ден, а најраниот натпревар започнува во 13 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалија е подобра без Роналдо

Кристијано Роналдо е најголемата легенда во историјата на Португалија и личност чие влијан…