Дома Фудбал Германија Навивачите се воодушевени: Дортмунд си ја најде замената за Дембеле

Навивачите се воодушевени: Дортмунд си ја најде замената за Дембеле

Младиот француски фудбалер, Осман Дембеле по само една сезона одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и ќе потпише за Барселона.

Дембеле беше одлучен ова лето да премине во Барселона која пред неколку недели покажа голем интерес за него. Французинот дури го напушти и својот клуб како знак на бојкот поради тоа што сака да од челниците на клубот да го пуштат да замине. Дортмунд на крајот попушти и заработи 150 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот клуб за повеќе од една година заработи преку 60 милиони евра на основа на 20-гоишниот фудбалер. Дортмунд до крајот на преодниот рок сака да ја донесе замената за Дембеле, а се чини веќе пронашле идеално решение.

Имено, Дортмунд покажа интерес да го донесе Јулијан Дракслер кој е вишок во ПСЖ по заминувањето на Нејмар. Оваа вест ги воодушеви навивачите на германскиот клуб кои веруваат дека Дортмунд ќе биде поквалитетен тим со Дракслер отколку со Дембеле.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…