Дома Останати Тенис Навивачите објаснуваат: Еве зошто Ѓоковиќ изгубил на Индијан Велс

Навивачите објаснуваат: Еве зошто Ѓоковиќ изгубил на Индијан Велс


По неочекуваниот пораз од Лука Нарди на мастерсот во Индијан Велс, фановите на Новак Ѓоковиќ почнаа да бараат објаснување за овој неуспех.

Навивачите сметаат дека Ѓоковиќ бил фокусиран на многу други работи непосредно пред турнирот и поради тоа не успеал најдобро да се подготви за настапот на Индијан Велс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Додека беше во Калифорнија, Ѓоковиќ не го помина целото време на тренинзи и подготовка за турнирот, туку го искористи времето за да учествува на разни настани и да го зголеми својот јавен пристап.

Гледаше натпревар од МЛС лигата на Лионел Меси, присуствуваше на НБА-меч за да го и поддржи Никола Јокиќ, ги промовираше своите спонзори, објавуваше реклами за своите брендови, учествуваше како главен гостин на конференции и се сликаше со пејачката Кети Пери.

Така тие објаснуваат дека кога умот не фокусиран, поразите често се случуваат. Ѓоковиќ засега не се огласил на оваа тема

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…