Дома Кошарка Навивачите не му простуваат: Дејвис постигна 32 поени, но доби свирежи од домашната публика (ВИДЕО)

Навивачите не му простуваат: Дејвис постигна 32 поени, но доби свирежи од домашната публика (ВИДЕО)

Тимот на Њу Орлеанс вчера на свој паркет беше подобар од Минесота со 122:117.

За ѕвездата на тимот Ентони Дејвис ова беше прв натпревар пред домашната публика од кога побара трејд.

Минесота беше подобар противник во поголемиот дел од првото полувреме. Сепак во финишот Њу Орлеанс се врати, па на одмор се замина со 62:62.

Вториот дел им припадна на домаќините и така на крајот запишаа победа од 122:117.

Дејвис беше најефикасен со 32 поени, а навивачите го поздравија со свирежи поради желбата да оди во друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ го предводеше Денвер, па посочи што го радува повеќе од бројките

Со 26 поени и 10 асистенции, Никола Јокиќ помогна Денвер да го совлада Њу Орлеанс со 116:1…