Дома Трансфер зона Навивачите нема да бидат воодушевени: Познат трансфер буџетот на Милан

Навивачите нема да бидат воодушевени: Познат трансфер буџетот на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека новите сопственици на Милан нема да обезбедат дополнителна сума за настапот на „росонерите“ во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните информации во италијанските медиуми се дека Паоло Малдини и Рики Масара ќе работат на засилувања со буџет од 60 милиони евра. Од неодамна Милан е во рацете на „Редбрд“, американската компанија го купи италијанскиот гигант за 1.2 милијарди евра.

Едни од засилувањата кои се најавуваа по нивното пристигнување се Ренато Санчез и Свен Ботман. Но, со најавата за ваквиот буџет тие се доведуваат во прашање затоа што за нив се интересираат и други клубови.

Се шпекулира и дека токму ваквата ситуација е причината што Паоло Малдини се уште не го продолжил договорот. Треба да се спомене и дека трансфер буџетот на „росонерите“ може да се зголеми со евентуалната продажба на некои играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…