За среќа се добро се завршило, но ќе мораат да побрзаат.
Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите и тоа е врвот на целата европска сезона во фудбалот. Финалето е во Мадрид и се игра со почеток од 21:00 часот, а актери во него ќе бидат фудбалерите на Ливерпул и Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите на Тотенхем се соочија со еден несекојдневен проблем.
Имено, Томас Кук авиокомпанијата потврди дека поради напад на птици морале да одложат еден од летовите за Мадрид на дури пет часа додека не добијат услови за полетување од Лондон.
Во тој авион имало голем број навивачи на Тотенхем кои чекале авионот да полета во 11 часот наутро. Место во планираниот термин авионот полетал во 16:30 часот. Очекувањата се во Мадрид овој авион да пристигне на половина час пред почетокот на натпреварот.
Update for @SpursOfficial fans pic.twitter.com/pRFk7PS0P1
— Thomas Cook Sport (@thomascooksport) June 1, 2019