Пеп Гвардиола ги критикуваше навивачите на Манчестер Сити, а тие веднаш му одговорија.
Сити во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите го пречека Лајпциг и победи со 6:3. Гвардиола беше разочаран што на стадионот имало „само“ 38.000 навивачи, иако капацитетот на „Етихад“ е 54.000.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите беа разочарани од изјавата на својот тренер, а официјалниот клуб навивачи на Сити веќе излезе со соопштение во кое го советува Гвардиола да се држи до својата работа.
„Пеп не разбира дека сите навивачи во среда навечер немаат време да гледаат натпревар во живо. Можеби треба да се погрижат за своите деца. Се уште постојат проблеми со пандемијата. Не разбираме зошто тоа го изјави. Станува збор за најдобриот тренер во светот и нека си ја работи својата работа“, стои во соопштението.