Дома Фудбал Навивачите на Ренџерс на удар: Зарем прославата на титулата е поважна од здравјето?

Навивачите на Ренџерс на удар: Зарем прославата на титулата е поважна од здравјето?

Ренџерси го освоија 55. наслов првак на Шкотска, после десет турбулентни години, во кои клубот беше изфрлен во четвртата лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите со нетрпение го чекаа овој момент, а целата ситуација околу коранавирусот не ги спречи да ја прослават титулата на улиците во Глазгов.

Над илјада навивачи на славниот клуб направија спектакл на улиците, околу стадионот Иброкс, но и во центарот на Глазгов, а со тоа се најдоа на удар на тамошните Власти и полицијата.

„Разбираме славје, но зарем титулата е поважна од здравјето во овој момент? Се бориме со лош вирус, не само Шкотска туку и целиот свет, а навивачите прават нешто вакво.“ – соопштија од градската полиција.

Официрот на шкотската полиција исто така жестоко реагираше.

„Разговаравме со водечките луѓе во државата. Ќе биде одржан итен состанок. Ги разбирам емоциите кон клубот, но не и вакво однесување. Ова можеше да се прослави кога ситуацијата тоа ќе го дозволеше. Сега мора секој ден да стравуваме, какви последици ќе предизвика ова славје.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот одбранбен фудбалер на светот бесплатно го напушта клубот

Австрискиот одбранбен играч Давид Алаба на крајот од сезоната заминува од Реал Мадрид, а н…