Навивачите на Реал Мадрид преку шпанските медиуми го кажаа своето мислење.
Реал Мадрид е во тешка ситуација претрпеа промена на клупата, Јулиен Лопетеги си замина после дебаклот во „Ел Класико“, него го наследи Сантијаго Солари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот играч на овој клуб до неодамна го предводеше вториот тим на Реал Мадрид и сега ќе добие шанса на клупата на првиот тим. Аргентинецот стартуваше со победа на Мелија во купот од 4:0.
Солари настапи со комбиниран состав и успеа да слави убедливо, а својот прв старт во дресот на Реал во таа прилика го запиша талентираниот Винсиус Жуниор.
Бразилецот кој како 16 годишник беше платен 45 милиони евра, иако се појавија и вести дека трансферот изнесувал и повеќе во главно игра за вториот тим, но тренира со првиот.
Навивачите веруваат дека тој мора да добие место во стартниот тим.
„Диарио АС“ и „Марка“ напавија гласања за тоа кој би требало да се најде во стартниот тим на Реал за натпреварот против Ваљадолид овој викенд.
Винисус според пишувањето на „Марка“ добил 87% од гласовите, додека на порталот „Диарио АС“ освоил 90%.
Самиот фудбалер е задоволен после дебито во стартниот тим, а судејќи според се би можеле да го видиме и овој викенд.