Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачите на Реал вратија 2.000 билети за финалето од ЛШ

Навивачите на Реал вратија 2.000 билети за финалето од ЛШ

Навивачите на Реал вратија 2.000 влезници за саботното финале во Лига на шампиони против Ливерпул бидејќи имаат проблем со наоѓање сместување и летови за Киев.

Цените на хотелското сместување скокнаа неколкукратно пред самото финале, што ги налути и самите Украинци кои сметаат дека со вакви потези се испраќа лоша слика за нивниот град. Тие дури и ги повикуваат Шпанците и Англичаните бесплатно да преспијат во нивните куќи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Доколку има празни места на стадионот во Киев, тоа ќе биде срам за УЕФА. Комплетно ги разбираме навивачите на Реал, кои можеби можат да ги купат вратените влезници, но не можат да си дозволат сместување и авионска карта. Организацијата на овој меч е дебакл, а се надевам дека УЕФА добро ќе размисли како ќе ги организира идните финалиња“, изјави портпаролот на клубот на навивачи на Ливерпул, Џејмс Мекен.

Поголем проблем, особено за Шпанците се високите цени на авионските карти. Оние кои сѐ уште немаат обезбедено превоз, сега ќе мора да платат најмалку 1.000 долари за повратен билет до Киев.

Влезниците кои ги вратија навивачите на Реал не можат да бидат проследени кон Ливерпул, па така можно е еден добар дел од трибината наменета за навивачите на Реал да остане празен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…