Дома Фудбал Останато Навивачите на Порто направија фантастична кореографија во чест на Касиљас (ВИДЕО)

Навивачите на Порто направија фантастична кореографија во чест на Касиљас (ВИДЕО)

Натпреварот на Порто против Авеш помина во знакот на Касиљас кој утре би можел да излезе од болница.

Икер Касиљас после срцевиот удар се опоравува и Сара Карбонеро изјави дека утре би можел да биде пуштен дома, иако некои извори тврдеа дека во голема тајност во петокот на ја напуштил болницата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вграден му е стент кој ќе го реши проблемот, но тоа изгледа ќе значи крај на една голема кариера.

Вчера на „Драгао“ направена беше кореографија во чест на Касиљас, а целиот стадион го скандираше неговото име.

Трибините кај што се сместени најжестоките навивачи на Порто разви огромно знаме како поддршка за легендарниот голман.

Инаку, Порто победи во овој натпревар со 4:0, но славеше и Бенфика против Портимоменше со 5:1, па предноста на „Орлите“ останува два бода на две кола пред крајот на првенството.

Наредниот викенд Порто ќе игра против Национал, додека Бенфика е голем фаворит против Рио Аве.

Во последното кол оод сезоната Порто ќе игра против Спортинг, а ниту победа нема да им вреди ништо ако Венфика не изгуби во еден од последните два натпревари, тие ќе ја пречкаат Санта Клара и не е реално да се очекува дека ќе направат кикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…