Дома Фудбал Англија Навивачите на Манчестер Јунајтед збеснаа поради однесувањето на Погба (ФОТО)

Навивачите на Манчестер Јунајтед збеснаа поради однесувањето на Погба (ФОТО)

Манчестер Јунајтед денес претрпе висок пораз од 4:0 на гостувањето кај Евертон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Екипата на Оле Гунар Солскјер дојде по три бода на „Гудисон Парк“, тие бодови им беа и тоа како потребни во борбата за топ 4, но натпреварот за нив заврши катастрофално.

Пол Погба повеќе пати од кога дојде Солскјер во Јунајтед беше херој за навивачите, но денес трпи многу критики поради неговото однесување во тунелот пред почетокот на натпреварот.

Тој пред почетокот на натпреварот се смееше со играчот на Евертон, Курт Зума и тоа не им се допадна на навивачите.

Изненаден од однесувањето на Погба беше и легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој беше стручен коментатор во судиото на „Скај Спорт“.

„Изненаден сум кога гледам како некои играчи разговараат и се смеат во тунелот пред самиот почеток на натпреварот. Не знам можеби ова е некоја друга генерација, кога јас играв ретко кој се однесуваше така додека излегувавме на теренот“, изјави Карагер.

Ако Карагер беше благ во критиките такви не беа навивачите на Манчестер Јунајтед кои остро го осудија таквото однесување на францускиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…