Дома Фудбал Навивачите на Ајакс среде ноќ пуштаа огномет пред хотелот каде што беа играчите на Јувентус (ВИДЕО)

Навивачите на Ајакс среде ноќ пуштаа огномет пред хотелот каде што беа играчите на Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс вечерва на свој терен ќе играат натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Јувентус.

Ајакс до четвртфиналето стигна откако го исфрли Реал Мадрид во осминафиналето од ова натпреварување. Првиот натпревар на свој терен Холанѓаните го изгубија со 1:2, но на гости во Шпанија победија со 1:4 и се пласираа во четвртфиналето.

Навивачите на Ајакс пред првиот натпревар против Реал во три часот натуро направија огномет пред хотелот каде што беа сместени играчите на тимот од Мадрид со надеж дека на тој начин ќе влијаат фудбалерите на Реал да не бидат целосно спремни за натпреварот.

Ајакс го изгуби тој натпревар, но навивачите не се откажуваат од праксата и својата тактика, така пред натпреварот против Јувентус одлучија да го направат истото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дуран со два гола го реши трилерот: Селтик го сруши Бешикташ со 3-2!

Сите пет гола паднаа по паузата, а Камило Дуран во 87. минута ја донесе победата на Селтик…