Дома Фудбал Англија Навивачите на Арсенал бараат од Емери денеска да заигра Месут Озил

Навивачите на Арсенал бараат од Емери денеска да заигра Месут Озил

ozil emery

Фудбалерите на Арсенал денеска играат на гости против Хадерсфилд со ослабен состав поради големите проблеми со повредите.

Емери во последните неколку недели има проблеми со повредени играчи, а најмногу се однесува на дефанзивната линија. Повредите сега го погодија и средниот ред бидејќи Гранит Џака најверојатно ќе го пропушти и овој натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Топџиите во претходното коло беа поразени од Манчестер Сити и денеска им е јасно дека мора да победат, со што ќе останат во трка за место кое води во ЛШ. Сепак, Емери и овој пат ќе има проблеми со почетниот состав, а навивачите се одлучија да му погоднат.

Имено, навивачите на Арсенал на официјалната страна на анкета изгласаа дека Озил денеска мора да заигра. Гермалнецот оваа сезона не се изнаигра поради проблеми со повредите, но и лошиот однос со Емери. Озил е најплатениот играч на овој тим, а неговите квалитети воопшто не се спорни.

Поради тоа на многумина од навивачите на лондонскиот клуб не им е јасно поради што Емери избегнува да го стави Озил во стартниот состав кога сигурно и тој е свесен дека е еден од најдобрите играчи во екипата. Останува да видиме дали Емери ќе го слушне гласот на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …