Кoшаркарите на Партизан вчера во драматичен натпревар беа поразени од Реал Мадрид со резултат 82:80.
Навивачите на Партизан не беа задоволни од судењето по натпреварот и коментираа бројни судиски одлуки, а една посебно се истакнува. Во завршницата на првото полувреме, Алекса Аврамовиќ тргна кон продор, топката се одби и не помина низ обрачот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Судиите во прв момент го признаа кошот, но по прегледувањето на снимката го поништија иако може да се забележи дека Валтер Таварез го допре обрачот што е забрането.
Она што можеше да се види во преносот е дека арбитарот гледаше повторена снимка, но тоа не му беше пуштен кадарот од таблата каде што јасно се гледа допирот, туку од теренот.
Во тој момент резултатот беше 46:43 за Партизан и ако поените беа признати црно-белите би имале пет поени предност на полувреме.
After the use of instant replay, refs decided that there is no GOALTENDING.
— NIKOSNIK (@NIKOS6ASTEROS) May 2, 2023
The refs decided to check the basket NOT from the correct camera.#euroleague can you explain us what TF is going on?#paobc #partizan #mafia #euroleaguemafia #paofc #panathinaikos #partizanrealmadrid pic.twitter.com/wt24DsELxA