Дома Фудбал Набил Фекир испрати порака до Ливерпул после натпреварот со Сити

Набил Фекир испрати порака до Ливерпул после натпреварот со Сити

Фудбалерот на Лион, Набил Фекир одигра одличен натпревар синоќа против Манчестер Сити во рамките на првото коло во ЛШ.

Фекир беше стрелец на еден од двата погодоци за својот тим кој славеше победа од 2:1, а после натпреварот новинарот имаше интересно прашање за него.

Добро е познато дека цело лето беше поврзуван со Ливерпул, а дури во еден момент излезе информација дека е постигнат договор за петогодишна соработка.

Сепак, целата работа на крајот пропадна, па новинарот го интересираше дали Фекир со оваа партија сакаше да се освети на Ливерпул, кој пропушти шанса да го ангажира.

„Ова не е освета, но сакам да докажам дека сум добар играч.“ – кратко прокоментира Фекир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од осум гола до патерици: Фрозиноне остана без својот голгетер

Антонио Раимондо ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб во победата над Торино. Прв…