Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср каде што игра Кристијано Роналдо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Францускиот стратег доби отказ по ремито со Ал Фехја на Александар Трајковски (0:0). Поранешниот тренер на Лил, Рома, Марсеј и Лион на клупата на Ал Наср стигна во јуни минатата година и во 26 натпревари успеа да победи на 18 натпревари, а забележа уште два нерешени натпревари и два порази.
Иако Ал Наср се уште е во битка за два трофеи (првенството и Купот) претседателот на клубот Мусали Ал-Муамар одлучи дека е време за разделба.
На седум натпревари до крајот на саудиското првенство, Ал Наср се наоѓа на второто место на табелата заад водечкиот Ал Итихад кој има три бода повеќе.
Засега се уште не е познато кој ќе биде нов тренер на Роналдо и друштвото, а следнот около на 18-ти април го носи и дербито со Ал Хилал.